Линкови за пристапност

Гранатен напад на милитанти на Газа во Израел, загина едно лице


Нападот се случи во време кога шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон престојваше во куса посета на Газа, како дел од регионалната турнеја чија цел е промовирање на мировните напори.

Израелските власти велат дека во гранaтен напад во јужен Израел од страна на палестински милитанти во Појасот Газа, загинало едно лице. Ова е прв напад од ваков вид по крајот на офанзивата на Израел во Газа, во јануари 2009 година.

Полицијата соопшти дека гранатата погодила земјоделска област во близина на границата со Газа, при што загинал земјоделец од Тајланд. Нападот се случи во време кога шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон престојваше во куса посета на Газа, како дел од регионалната турнеја чија цел е промовирање на мировните напори.

Не толку позната милитантна група која себеси се нарекува Ансар ал-Суна ја презеде одговорноста за инцидентот. Израел изведе тринеделна офанзива против милитантите на Хамас кои ја имаа контролата врз Газа од декември 2008-ма до јануари 2009-та, во обид да ги запрат повеќегодишните гранатни напади врз израелските населби.

XS
SM
MD
LG