Линкови за пристапност

Немири во Источен Ерусалим поради осветување на синагога


Неколку десетини Палестинци вторникот фрлаа камења врз израелската полиција и палеа гуми во Источен Ерусалим во знак на протест поради израелското осветување на синагога во овој дел на градот

Неколку десетини Палестинци вторникот фрлаа камења врз израелската полиција и палеа гуми во Источен Ерусалим во знак на протест поради израелското осветување на синагога во овој дел на градот.

Полицијата возврати со гумени куршуми и гранати-плашливци и уапси неколкумина од демонстрантите. Арапските медиуми наведуваат дека во инцидентот биле повредени најмалку 20-тина Палестинци. Израелската полиција соопшти дека биле повредени и двајца полицајци.

Палестинците се гневни и на израелската одлука од минатата недела за изградба на нови домови за Евреи во Источен Ерусалим - област што тие ја сметаат за свој иден главен град. Палестинските претставници барат проектот да прекине пред да се приклучат на индиректните мировни разговори со Израел што се со посредништво на САД.

Американски лица велат дека претставникот за Блискиот Исток, Џорџ Мичел ја одложил најновата мировна мисија во регионот. Тој требаше да замине од Вашингтон понеделникот. Стејт департментот соопшти дека чека официјален одговор на барањето Израел да покаже добра волја за заживување на мировните разговори со Палестинците.

XS
SM
MD
LG