Американската армија соопшти дека со наближувањето на 31-ви август, крајниот рок за повлекување од Ирак, во моментов во земјата се стационирани нешто помалку од 50.000 војници.
Преостанатите трупи ќе бидат ангажирани во обука на ирачките безбедносни сили, изведување на анти-терористички операции и поддршка на организациите кои работат на обнова на Ирак.
Ова е најмал број на американски војници во Ирак откако САД ja предводеа инвазијата на оваа земја во март 2003 година.
Сите американските сили треба да заминат од Ирак до крајот на 2011-та година.
Американскиот потпретседател Џо Бајден ја отфрли критиката дека повлекувањето од Ирак резултирало со интензивирање на насилството, велејќи дека политиката, а не војната ја разединила земајата.
Во неодамнешното обраќање пред група воени ветерани тој истакна дека е „апсолутно убеден“ оти Ирак ќе формира влада и дека раководството во земјата „длабоката и сложена поделеност во ставовите“ ја решава преку преговори, а не со војна.