Линкови за пристапност

САД ќе се придржуваат на планот за заминување од Ирак до 2011-та


Американскито секретар за одбрана истакна дека американската и ирачката влада имаат договор во кој е поставен рокот за повлекување.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека САД ќе се придржуваат на рокот за повлекување на американските трупи од Ирак до крајот на следната година. Ова е наспроти повикот на ирачкиот генерал-полковник Бабакир Зебари за потребата американските војници да останат дополнителни 10 години пред ирачката армија да може самата да ја обезбедува земјата.

Гејтс истакна дека американската и ирачката влада имаат договор во кој е поставен рокот за повлекување. Тој додаде дека доколку се формира нова ирачка влада која ќе сака да го продолжи присуството на американските трупи, САД се отворени за дискусија. Гејтс подвлече дека иницијативата по ова прашање треба да дојде од Ирачаните.

САД ќе се повлечат од борбената мисија во Ирак до крајот на месецов, но во земјата ќе останат 50.000 американските војници кои ќе се служат како транзициона сила. Администрацијата на претседателот Барак Обама постави цел за повлекување на сите американски трупи од Ирак до 2011-та година.

XS
SM
MD
LG