Линкови за пристапност

Обама ќе го одбележи крајот на американските борбени активности во Ирак


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики во вторникот во говор пренесуван на националаната телевизија, истакна дека ирачките безбедносни сили се подготвени да преземат целосна одговорност за одржување на ред и мир во земјата.

Претседателот Барак Обама се подготвува да го одбележи завршувањето на американските борбени активности во Ирак, седум години по инвазијата на оваа земја под водство на САД.

Обама во американската воена база Форт Блис, во Тексас, ќе се сретне со војниците кои беа стационирани во Ирак за време на мисијата. Во војната загинаа преку 4.400 припадници на американските сили. Веднаш потоа претседателот ќе се врати во Белата куќа, од каде ќе се обрати до нацијата објавувајќи го официјалното завршување на борбените операции и новата советодавна улога на американската армија во Ирак.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики во вторникот во говор пренесуван на националаната телевизија, истакна дека ирачките безбедносни сили се подготвени да преземат целосна одговорност за одржување на ред и мир во земјата.

Во моментов во посета на Ирак се наоѓа американскиот потпретседател Џо Бајден. Тој ќе раководи со официјалната церемонија на предавањето на командата на ирачките сили во среда, со што ќе се одбележи почетокот на „Операцијата нова зора“.

XS
SM
MD
LG