Линкови за пристапност

Обама: САД ќе продолжат да го засилуваат притисокот врз Иран


Обама: САД ќе продолжат да го засилуваат притисокот врз Иран
Обама: САД ќе продолжат да го засилуваат притисокот врз Иран

Претседателот во интервју за телевизијата Си-Би-Ес што се емитуваше во петок, рече дека САД „ќе го засилат притисокот“ и ќе видат каква ќе биде реакцијата на Техеран.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека САД ќе продолжат да вршат притисок врз Иран заради нуклеарната програма.

Претседателот во интервју за телевизијата Си-Би-Ес што се емитуваше во петок, рече дека САД „ќе го засилат притисокот“ и ќе видат каква ќе биде реакцијата на Техеран. Но тој додаде дека ова ќе биде сторено со обединета меѓународна заедница по ова прашање.

Неговиот коментар доаѓа во време кога главниот ирански претставник за нуклеарна енергија, Саед Џалили, изјави дека Кина се согласува со ставот на Техеран дека санкциите повеќе не се корисен начин за решавање на спорот со Западот околу иранската нуклеарна програма.

Кинеските претставници не коментираа директно за изјавата на Џалили, но во претходно соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи се повикува на решавање на нуклеарнито спор преку дијалог и преговори, а на обете страни им се сугерира да покажат „флексибилност“.

Администрацијата на Обама неделава соопшти дека Кина ќе биде полноправен учесник во преговорите на Советот за безбедност на ОН за новата рунда санкции против Иран околу неговата контроверзна нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG