Линкови за пристапност

ОН бараат Иран да прекине да попречува меѓународни сателитски сигнали


ОН бараат Иран да прекине да попречува меѓународни сателитски сигнали
ОН бараат Иран да прекине да попречува меѓународни сателитски сигнали

Меѓународната унија за телекомуникации – ИТУ петокот предочи дека попречувањето на странски сателитски сигнали е забрането.

Главната агенција на ОН за комуникации го повика Иран да прекине да го попречува емитувањето на програма што оди преку меѓународни сателити.

Меѓународната унија за телекомуникации – ИТУ петокот предочи дека попречувањето на странски сателитски сигнали е забрането. Агенцијата директно не ја обвини иранската влада, но затоа укажа дека изворот на попречувањето е на иранска територија.

ОН бараат Иран да прекине да попречува меѓународни сателитски сигнали
ОН бараат Иран да прекине да попречува меѓународни сателитски сигнали

ИТУ објави изјава со ваква содржина откако доби поплаки од Франција во име на Еутелсат. Сателитската компанија тврди дека Иран од јули минатата година ги блокирал персиските програми на Гласот на Америка и Би-Би-Си, кога оспорените претседателски избори во земјата предизвикаа масовни протести против владата.

И Европската унија го осуди попречувањето. ИТУ нема начин на кој може да го присили Иран да прекине со блокирање на програмите.

XS
SM
MD
LG