Линкови за пристапност

Иран: Каменувањето не е прашање за почитување на човековите права


Случајот Асхтиани предизвика жестока меѓународна реакција.

Иран вели дека странските земји не треба да покренуваат прашање за почитување на човековите права во случајот на Иранка осудена на смрт со каменување поради наводна неверност.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст вторникот изјави дека доколку ослободувањето на убијци влегува во категоријата за човекови права, тогаш истите странски земји треба да ги ослободат сите убијци од нивните затвори. Тој рече и дека нејзиниот случај се` уште се разгледува, но пријателите и семејството на Сакине Мохамади Асхтијани стравуваат дека властите наскоро би можеле да ја извршат казната над неа.

Синот на 43-годишната вдовица и еден од нејзините адвокати наведуваат дека мораториумот над смртните казни за време на Рамазан ќе заврши неделава. Асошиетед Прес цитираше еден од адвокатите дека каменувањето може да биде извршено „во секој момент“.

Случајот Асхтиани предизвика жестока меѓународна реакција. Претседателот на Европската комисја Хозе Мануел Баросо вторникот изјави дека бил запрепастен кога слушнал за казната, нарекувајќи ја варварска, преку секоја граница.

XS
SM
MD
LG