Линкови за пристапност

„Исчезнатиот“ ирански научник замина од САД за Иран


„Исчезнатиот“ ирански научник замина од САД за Иран
„Исчезнатиот“ ирански научник замина од САД за Иран

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вторникот изјави дека Амири бил во САД по своја волја и дека слободно можел да замине.

Ирански претставници велат дека научникот за нуклеарна енергија Шарам Амири, кој исчезна пред повеќе од една година, а потоа мистериозно се појави во Вашингтон, е на пат за Иран.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Шахрам Амири ќе се врати преку Катар, а се очекува во Иран во четврток.

Амири заминал од Ирак во јуни 2009-та. Иранските власти тврдат дека бил предаден на американски агенти додека бил во посета на Саудиска Арабија. САД, пак, негираат дека го грабнале.

Понеделникот, научникот се појави во Пакистанската амбасада во Вашингтон, задолжена за иранските интереси во САД со оглед на фактот дека САД и Иран немаат дипломатски односи.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вторникот изјави дека Амири бил во САД по своја волја и дека слободно можел да замине.

Иранската државна агенција ИРНА го цитираше вишиот член на Парламентот Аладин Бруџерди дека САД треба да се извинат за, како што рече самиот, грабнувањето на Амири.

XS
SM
MD
LG