Линкови за пристапност

Иран ја потврди својата покана за посета на нуклеарни објекти


Иран ја потврди својата покана за посета на нуклеарни објекти
Иран ја потврди својата покана за посета на нуклеарни објекти

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека поканите биле упатени до претставници на некои држави од ЕУ, некои земји од Движењето на неврзаните, и некои членови на П5+1

Иран поканил странски дипломати да ги посетат неговите нуклеарни објекти, но дипломати велат дека властите во Техеран изоставиле неколку клучни светки сили.

Ирански претставници најавија дека посетата, за која Техеран би ги покрил сите трошоци, ќе биде на 15-ти и 16-ти јануари, пред разговорите за иранската нуклеарна програма со светските сили во Истанбул. Претставници на Групата П5+1, составена од петтте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија, треба да се сретнат со ирански претставници подоцна месецов.

Дипломати кои се запознати со деталите околу поканата денес соопштија Иран од П5+1 ги поканил Русија и Кина, а од другите земји Египет, Куба и Унгарија, која во моментов претседава со ЕУ. Истите извори наведуваат дека не се поканети преостанатите членки на П5+1: САД, Британија, Франција и Германија.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст денес изјави дека поканите биле упатени до претставници на некои земји од Европската унија, некои земји од Движењето на неврзаните, и некои членови на П5+1.

САД се едни од најжестоките критичари на иранската нуклеарна програма, за која се сомневаат дека се користи за развивање на нуклеарно оружје. Иран тврди дека програмата е за мирнодопски цели.

XS
SM
MD
LG