Линкови за пристапност

Иран тврди дека има право да ги избере инспекторите на ОН


Агенцијата вели и дека Иран во последните две години одбил да одговри на прашањата за тајни нуклеарни активности, како на пример за развивање на нуклеарен материјал за проектил.

Раководителот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи вели дека неговата земја има право да ги избере инспекторите кои вршат контрола на иранските нуклеарни објекти.

Според државната новинска агенција ИСНА, Салехи рекол дека Иран веќе има отфрлено двајца инспектори за кои ИСНА наведува дека доставиле неточни извештаи до Меѓународната агенција за атомска енергија - ИАЕА.

Иранските државни медиуми јавуваат и дека портпаролот на Министерството за надворешни работи Рамин Мехманпараст го окарактеризирал извештајот на ИАЕА објавен понеделникот како политички обоен.

Во тој извештај, ИАЕА наведува дека иранското „упорно“ противење на назначувањата на инспектори ја попречува нејзината работа. Агенцијата вели и дека Иран во последните две години одбил да одговри на прашањата за тајни нуклеарни активности, како на пример за развивање на нуклеарен материјал за проектил.

ИАЕА го отфрли иранското тврдење дека двајца инспектори поднеле неточни извештаи.

Во Вашингтон, портпарол на Белата куќа изјави дека извештајот на Агенцијата покажува дека Иран и натаму се обидува да стане способен за развивање на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG