САД и други западни држави ја осудија одлуката на властите во Техеран да забранат влез на нуклеарни инспектори во Иран како обид да ја заплашат Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).
Американскиот претставник во ИАЕА Глен Дејвис пред одборот на Агенцијата средата истакна дека треба да се разгледа можноста таа да преземе акција против официјален Техеран поради забраната за инспекторите. Дејвис рече дека е без преседан да им се забрани влез затоа што известуваат точно.
Британија, Франција и Германија поднесоа заедничко соопштение до одборот на ИАЕА во Виена, велејќи дека Иран намерно се обидува да ги попречи обидите на Агенцијата да го извршува својот мандат.
Во јуни, Иран забрани влез на двајца инспектори на ИАЕА откако оцени дека презентирале „погрешни извештаи“ за иранските нуклеарни активности.
Порано неделава, директорот на ИАЕА Јукија Амано рече дека Иран ја поречува инспекцијата и спречува потврда на наводите дека иранските нуклеарни активности се за мирнодопски цели. Иранскиот шеф за нуклеарна програма Али Акбар Салехи изјави дека коментарите на Амано се опасни и претставуваат голема грешка.