Линкови за пристапност

Иран и Турција се договориле за размена на гориво


Бразил и Турција, две непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, се обидуваа да го убедат Иран да се согласи на ваков вид на размена.

Иран вели дека се согласил да го испраќа својот збогатен ураниум во Турција во договор за размена на гориво.

Ова беше соопштено по понеделничката средба во Техеран меѓу претставници на Иран, Бразил и Турција.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека Техеран се согласил да размени 1.200 килограми ниско-збогатен ураниум со повисоко збогатено нуклеарно гориво.

Тој кажа дека Иран официјално ќе ја информира Меѓународната агенција за атомска енергија за постигнатиот договор во рок од една недела.

Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, рече дека договорот го постигнале министрите за надворешни работи на Бразил, Иран и Турција „по речиси 18-часовно преговарање“. Тој рече дека повеќе нема потреба од санкции на ОН спрема Иран.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад рече дека се надева оти светските сили ќе организираат нова рунда разговори за нуклеарната програма на неговата земја.

Бразил и Турција, две непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, се обидуваа да го убедат Иран да се согласи на ваков вид на размена на нуклеарно гориво и да избегне четврта рунда санкции од страна на ОН.

По договорот засега нема реакции од САД или од друга светска сила.

XS
SM
MD
LG