Линкови за пристапност

Затворените американски планинари се сретнаа со своите мајки во Иран


Затворените американски планинари се сретнаа со своите мајки во Иран
Затворените американски планинари се сретнаа со своите мајки во Иран

Иранската државна телевизија Прес-ТВ ја емитуваше емотивната средба на Шани Бауер, Сара Шоурд и Џош Фатал со нивните мајки во хотел во Техеран во вторникот.

Мајките на тројцата затворени планинари се сретнаа со нив во Иран за прв пат по нивното апсење минатата година.

Иранската државна телевизија Прес-ТВ ја емитуваше емотивната средба на Шани Бауер, Сара Шоурд и Џош Фатал со нивните мајки во хотел во Техеран во вторникот.

Шоруд за новинарите изјави дека биле третирани добро, но додаде дека била држена настрана од нејзините колеги, што, како што кажа, било тешко.

Мајките повторно го повикаа Иран да ги ослободи врз хуманитарна основа.

Тројцата планинари беа уапсени во јули минатата година под обвинение за илегално влегување во Иран од Ирак. Иранските власти ги обвинуваат за шпионажа. Нивните семејства велат дека тие случајно навлегле на иранска територија од северниот курдски регион во Ирак.

XS
SM
MD
LG