Линкови за пристапност

Гејтс: Иран без нуклеарно оружје најмалку уште една година


Во меѓувреме, Иран упати жалба до ОН дека новата нуклеарна политика на САД ја прекршува повелбата на ОН и содржи „нуклеарна уцена“.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека не очекува Иран да има капацитет за производство на нуклеарно оружје за најмалку една година. Тој ова го кажа како одговор на изјавата на виш ирански нуклеарен претставник кој рече дека Иран ќе се приклучи на „светскиот нуклеарен клуб“ во рок од еден месец за да одврати можни напади во земјата.

Иранската новинска агенција Фарс го цитира иранскиот нуклеарен претставник Бехзад Солтани, кој вели дека ниедна земја нема ни да помисли на напад откако Иран ќе се приклучи на нуклеарниот клуб. Солтани додаде дека Иран планира да ја прошири нуклеарната технологија за „цели надвор од производството на енергија и гориво“. Американскиот претседател Барак Обама ја повика меѓународната агенција да реигира „брзо и смело“ по новиот пакет санкции против Иран.

Во меѓувреме, Иран упати жалба до ОН дека новата нуклеарна политика на САД ја прекршува повелбата на ОН и содржи „нуклеарна уцена“.

XS
SM
MD
LG