Линкови за пристапност

Внимавајте што ставате на Интернет!


Експертите порачуваат - најдобар начин како да се однесувате кога ставате некоја содржина на Интернет е да имате на ум дека ве набљудува буквално целиот свет.

Социјалните мрежи за дружење Фејсбук и Твитер нудат можност за комуницирање меѓу голема група луѓе, но преголемата изложеност на приватни информации, во некои случаи, може да им ги намали шансите да добијат или да ја задржат работата.

Од повторно поврзување со стари пријатели, па се` до потрага по нова работа – Интернет-страниците за дружење го револуционизираа начинот на интеракција.

Но, многумина не се свесни за негативните последици од споделување премногу информации.

Тинејџерите се најранливи. Стручњакот за безбедност на Интернет Рик Фергусон, го анализира профилот на Фејсбук на еден студент, во потрага по потенцијално компромитирачка содржина:

„Постојат дефинитивно фотографии што можат да ги урнат шансите за интервју“, вели Фергусон.

За Бен, студент кој на една од фотографиите е видливо дека има испиено повеќе алкохолни пијалоци – тоа е важна лекција за приватноста:

„Луѓето ќе ги видат фотографиите, ќе ги прочитаат коментарите. Дури и да избрешете некоја, некој можеби направил и чува копија од неа, без да знаете“.

Работодавачот Фил Лејн вели дека многу сопственици на компании се држат до конзистентноста, дури и кога станува збор за Интернет:

„Вашиот профил на Интернет мора да биде конзистентен. Ако имате различни квалификации на различни веб-страници, јас како работодавец веднаш би се запрашал - што е проблемот овде?“

Но, преголемото експонирање на Интернет може да има и добра страна. На пример, според огласеното на Интернет, оние кои бараат работа во областа на маркетингот, имаат шанси полесно да минат, бидејќи нивните маркетиншки и комуникациони техники може лесно се проверуваат.

Експертите порачуваат - најдобар начин како да се однесувате кога ставате некоја содржина на Интернет е да имате на ум дека ве набљудува буквално целиот свет.

XS
SM
MD
LG