Линкови за пристапност

Растe влијанието на странските играчи во НБА


Растe влијанието на странските играчи во НБА
Растe влијанието на странските играчи во НБА

Ндије и Паркер се следбеници на долгата традиција на странски кошаркари во НБА

Играчите од странство имаат се` поглемо влијание во Национална кошаркарска асоцијација – НБА. Нивниот број тројно се зголеми во последните две децении. Меѓу ветераните е Тони Паркер од Сан Антонио спурс. Хамди Ндије од Вашингтон визардс, пак токму сега добива на популарност. Млади или стари, тие оставаат белег во лигата.

Паркер е задоволен што игра за еден од најдобрите екипи. Спурс освоија 4 титули во изминативе 12 сезони и се надеваат на натамошни успеси. Неодамна Спурс ги победиај Визардс во Вашингтон, и иако постигна најмногу поени, Паркер во изјавата го истакна - тимот.

„Ова беше одлична тимска победа. Сите играа одлично, сите придонесоа“, вели Паркер.

Паркер влезе во НБА во 2001-ва кога имаше само 19 години. Веќе втората сезона со Спурс, тој искуси како е да се стане шампион, а истото го повтори во 2005-та и 2007-ма.

Паркер е роден од Белгија. Мајка му е од Холандија, а татко му е од афро-американско потекло, но одраснал во Франција, каде фудбалот е е еден од најпопуларните спортови. Таткото всушност имал прилика да игра во професионалната кошаркарска лига на Европа, а еден од двајцата браќа на Паркер во моментов игра во француски тим.

Паркер вели дека кошарката е една од причините што сака да живее во САД и дека е среќен во Сан Антонио, Тексас.

Хамди Ндије настапува за Вашингтон визардс и е нов во НБА. Дел е од неа од минатата година. Доаѓа од Сенегал, висок преку два метра и има само 24 години. На Визардс не им оди најдобро сезонава, но Ндије е оптимист.

„Тешко е за целиот тим и конкретно, за мене. Се обидувам да помогнам. Губиме многу, но мора мошне брзо да собереме сили и да тргнеме напред“, размислува Ндије.

Родум од Дакар, наведува дека наедна личност, Бабакар Су, и` должи за запознавање на тајните на кошарката, кога имал само 15 години. Су бил тој кој успеал да му обезбеди стипендија на Ндије за да посетува средно училиште во Калифорнија. Потоа добил стипендија за Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси, каде студирал комуникации и четири години играл за универзитетскиот кошаркарски тим.

Иако да игра во НБА е сон станат јаве, признава дека постојат и тешки моменти.

„Тешко е да сте далеку од семејството и луѓето кои ве познавате и ги посакувате покрај вас“. Тешко е, но овде сум од една причина – за поголемо нешто за мене и за моето семејство. Исто така, имам поддршка од родната земја и тоа многу ми значи. Тешко е на некој начин, но има и награда за напорите“, вели Ндије.

Ндије и Паркер се следбеници на долгата традиција на странски кошаркари во НБА. Хенри Биасати од Италија беше првиот странец во лигата во 1946-та. Бројот растеше низ годините. Во 1992-ра во НБА имаше само 21 „печалбар“. Сега бројот е тројно зголемен и изнесува 20% од сите играчи. Странските кошаркари доаѓаат од вкупно 40 земји.

XS
SM
MD
LG