Линкови за пристапност

Вашингтон пост: Обемот на американското разузнавање штети на неговата ефикасност


Во извештајот на Пост се цитираат владини документи, како и актуелни и поранешни претставници на разузнавањето. Повеќето од овие претставници побараа да останат анонимни.

Според весникот Вашингтон пост, американското разузнавање по терористичките напади во 2001-та станало толку обемно што одредени агенции практично се поклопуваат во работата, а од друга страна, бројни разузнавачки извештаи рутински се игнорирани.

Во извештајот на Пост се цитираат владини документи, како и актуелни и поранешни претставници на разузнавањето. Повеќето од овие претставници побараа да останат анонимни.

Двегодишната истрага на весникот утврдила дека околу 1.271 владини организации и 1.931 приватни компании вкучени во антитерористички разузнавачки операции практично се поклопуваат во работата. Весникот тврди и дека никој не знае колку точно пари се трошат за операциите.

Според Пост, нефокусираноста, а не кусокот на средства ја загрозува способноста да се заштитат Американците.

Вршителот на должноста директор за национално разузнавање Дејвид Гомперт вели дека извештајот не дава точна слика за работата на разузнавачката заедница, како и дека секојдневно се спречуваат напади и се постигнуваат успеси на многу полиња.

XS
SM
MD
LG