Линкови за пристапност

Нови истражувања откриваат што гледаат новороденчињата


Нови истражувања откриваат што гледаат новороденчињата
Нови истражувања откриваат што гледаат новороденчињата

Научниците се надеваат дека идните истражувања на оваа тема може да помогнат на децата со аутизам или моторни пречки.

Замислете дека го гледате светот преку очите на новороденче. Како ја перцепира новата средина? Научници од Универзитетот Њујорк на чело со д-р Карен Адолф можеби најдоа начин да дознаат како тоа изгледа.

„Проектот се однесува на природната визија и како се равива. Има многу истражувања за видот, но сепак, по преку 100 години истражување, научниците не знаат речиси ништо за тоа каде гледаат луѓето во секојдневниот живот и зошто“, вели д-р Адолф.

Фин, осумесечно бебе, неодамна учествувала во проектот. На главата и` била ставена специјална направа тешка 45 грама за следење на видот сочинета од две камери: едната за надворешното опкружување, за да се добие перспективата на бебето, а другата со фокус на окото, за да се следи движењето на зеницата. Комјутер потоа ги анализирал обата приказа за да се одреди каде точно гледа Фин.

Компанијата „Позитив сајанс“ од Њујорк сега изработила уште помала и полесна направа за следење на видот на новороденчињата.

Резултатите од истражувањето биле изненадувачки. Џон Франчак е главен научник во проектот.

„Очекувавме бебињата постојано да гледаат во нивните мајки“, вели Франчек.

Но, во просторија полна со играчки расфрлани насекаде, како и препреки преку кои морале да се прекачуваат, бебињата погледнувале кон своите мајки само половина од времето. Спротивно на тоа што бебињата ретко погледнувале во лицата на своите мајки, тие речиси секогаш гледале директно во објектот или играчката која се обидувале да ја земат.

Научниците се надеваат дека идните истражувања на оваа тема може да помогнат на децата со аутизам или моторни пречки.

XS
SM
MD
LG