Линкови за пристапност

САД и Индија се договорија за репроцесирање на употребено нуклеарно гориво


САД и Индија се договорија за репроцесирање на употребено нуклеарно гориво
САД и Индија се договорија за репроцесирање на употребено нуклеарно гориво

Во писмено соопштение, Стејт департментот наведува дека двете страни завршиле со преговорите за „аранжманите и процедурите“ за репроцесирање на употребено нуклеарно гориво од САД.

Американски дипломати велат дека постигнале договор со индиски претставници за репроцесирање на нуклеарен материјал, расчистувајќи го со тоа патот за историски пакт меѓу двете земји за атомска енергија.

Во писмено соопштение, Стејт департментот наведува дека двете страни завршиле со преговорите за „аранжманите и процедурите“ за репроцесирање на употребено нуклеарно гориво од САД.

Американскиот амбасадор во Индија Тимоти Ромер коментораше дека договорот ќе резултира во креирање на илјадници работни места во обете земји.

Пактот за нуклеарна соработка беше потпишан од страна на американскиот Конгрес во 2008-та година, но тоа допрва треба да го стори парламентот на Индија.

Индиските опозициони партии се против легислатива со која американските енергетски компании ќе имаат заштита од цивилна одговорност. Критичарите наведуваат дека слични нуклеарни договори со Русија и Франција немаат таков услов.

Доколку индискиот парламент го одобри финалниот договор, аналитичарите очекуваат многу инвеститори да влезат на индискиот пазарот за атомска енергија проценет на 150 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG