Линкови за пристапност

Во потрагата по бесмртноста


Во потрагата по бесмртноста
Во потрагата по бесмртноста

Потрагата по вечноста станала преокупација на некои истакнати личности во нивните зрели години

Ништо во природата не е бесмртно, но според најновите истражувања, одредени школки можат да живеат со векови. Овие суштества наречени хидра живеат мошне долг период, во најмала рака се` додека водата не пресуши.

Оттука и прашањето - дали и луѓето може да го постигнат истото. Авторот Џонатан Винер во својата најнова книга „Чудна наука за бесмртноста“, вели дека оваа тема не престанува да ги опседнува цивилизациите , од приказните за Адам и Ева и јаболкото, императорите на Кина и Гилгамеш во Вавилон, Старите Грци со Херкулес што се обидува да ја победи смртта. Авторот вели дека тоа е примарен проблем на смртниците.

Потрагата по вечноста станала преокупација на некои истакнати личности во нивните зрели години. На почетокот на 20-от век, многумина верувале дека васектомијата може да им ја врати опаднатата живост.

„Сигмунд Фројд и големиот поет Вилијам Батлер Јеитс направиле васектомија во надеж дека во поодминати години ќе имаат зголемена енергија“, вели Винер.

Овој автор вели дека научниците не се сигурни колку може да се продолжи животниот век и дебатираат за најдобриот начин да се стори тоа. Некои од нив се фокусираат на одвоени проблеми за процесот на стареење како ракот, алцхајмеровата болест и срцевите заболувања, додека други трагаат по причините за распадот на човековите клетки.

Всушност, познато е дека актуелниот животен век изминатот век е драматично продолжен и во просек живееме со децении подолго споредено со нашите претци. Се` повеќе луѓе во денешно време живеат до својата стота година.

Сепак, огромен дел не живеат многу по нивната 80-та година, а оние со стотка се многу мал процент од населението.

Авторот истакнува дека зголемениот животен век во 21-от век веќе создава социјални тензии, судирајќи ги ставовите на младите наспроти старите во дебатите околу даноците, јавните трошоци и работниот стаж во Европа и други места.

Вајнер во книгата го поставува и прашањето како би се справиле со експлозијата на популацијата доколку има пораст на наталитетот во наредните 100 години.

Бесмртноста останува вечна тема. Да се живее вечно е само сон, предмет на мит и фикција. Најголемите оптимисти се надеваат да додадат 20-30 години на животниот век, но скептиците велат дека веќе сега сме блиску на нашиот максимален животен век.

XS
SM
MD
LG