Линкови за пристапност

Анти-имиграционо расположение во Европа


Анти-имиграционо расположение во Европа
Анти-имиграционо расположение во Европа

Многумина аналитичари корените на анти-имиграциониот бран ги бараат во економската криза.

Во септември, кога шведската десничарска партија за прв пат доби места во парламентот, шокот ги надмина границите на земјата.

Шведска, на која се гледа како на европски модел на општество, се чини дека се свртува против нескандинавските имигранти кои сочинуваат помалку од пет проценти од популацијата. Лидерот на Демократската партија тогаш триумфално изјави:

„Подготвени сме да преземеме одговорност и претпоставувам дека и другите партии се подготвени да го сторат истото.“

По објавување на резултатите, илјадници демонстранти излегоа на протести против расизмот.

„Ова е ужасно. Израснат сум во земја каде сите околу мене биле толерантни, а ова е прв пат да доживеам вакво нешто“, вели Рикард Слетенгрен, демонстрант.

Но вака не мисли мнозинството и десничарските анти-имиграциони партии во Европа продолжуваат да напредуваат. Во Холандија, на пример, Партијата за слобода исто така победи врз база на анти-исламска платформа.

Герт Вилдерс е претседател:

„Немам ништо против муслиманите, но верувам дека исламот е тоталитарна идеологија и е против нашата слобода. Се бориме за слобода во Холандија и Европа и затоа го предлагаме ова“, изјави Вилдерс.

Десничарски партии добија и во Франција и во Италија. Во јули, Франција стана една од првите европски земји што го забранија носењето на бурка. Политичарите велат дека тоа се коси со француските вредности.

Многумина аналитичари корените на анти-имиграциониот бран ги бараат во економската криза. Мигрантите честопати се обвинувани за намалувањето на платите, за преземање на работни места или за трошење на државниот буџет за социјална помош.

Германската историчарка Џулиен Шатерли верува деја имиграцијата ќе биде дефинирачки конфликт на 21-от век.

„Идниот конфликт нема да е меѓу исток и запад, туку дебата за миграција и интеграција, особено со муслиманското малцинство. За тоа зборуваме во Европа и во Германија“, вели Шатерли.

И покрај политичката клима, секоја година на бреговите на Европа и натаму пристигнуваат стотици илјади мигранти. Многумина од нив брзо сфаќаат дека не се добредојдени во новата земја, како што очекувале.

XS
SM
MD
LG