Американска активистичка група вели дека бројот на лица кои загинале обидувајќи се да влезат во САД на илегален начин од Мексико, минатата година се зголемил на 417 лица, прв пораст во последниве четири години.
Националната фондација за американска политика, во својот најнов извештај вели дека бројот на смртни случаи во 2005 година достигнал 492 лица, но оттогаш секоја година се намалувал. Во 2008-ма оваа цифра била 390 лица.
Непрофитната и непартиска фондација наведува дека немањето начин во САД да се влезе по легален пат придонело за смрт на преку 4.000 мажи, жени и деца, од 1998-ма наваму. Групата вели и дека сиромаштијата во Мексико, во комбинација со шансите за подобри економски можности во САД, ги тера луѓето да го ризикуваат својот живот.
Фондацијата додава дека црната статистика ќе продолжи по нагорна линија доколку не се отворат легални начини за влез и работа во САД.