Линкови за пристапност

Одбиена кауција за директорот на ММФ


Одбиена кауција за директорот на ММФ
Одбиена кауција за директорот на ММФ

Доминик Строс-Кан е обвинет за сексуален напад врз собарка во хотел во Менхетен

Њујоршки судија го одби барањето на директорот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс-Кан да плати кауција и да се брани од слобода. Строс-Кан е обвинет за сексуален напад врз собарка во хотел во Менхетен.

Претходно, обвинителот кажа дека постои ризик Строс-Кан да избега во родната Франција, како и дека таа земја не ги испорачува своите државјани.

Адвокатите на Строс-Кан тврдат дека тој не е виновен. Неговото следно рочиште е закажано за петок.

Досегашниот прв човек на ММФ и воедно водечки социјалистички кандидат за нареден француски претседател се товари за обид за силување, незаконско задржување на друго лице, криминален сексуален акт и други прекршувања на законот. Доколку се докаже дека е виновен, тој би можел да добие до 25-години затвор.

ММФ назначи вршител на должноста директор. Белата куќа соопшти дека нема да коментира на правно прашање, но дека е убедена дека Фондот е способен да продолжи ефикасно да ја исполнува мисијата.

XS
SM
MD
LG