Економистите од Меѓународниот монетарен фонд велат дека Американците ќе мора да плаќаат поголеми даноци и да прифатат здравствено осигурување што ќе биде помалку финансирано од владата, за државата да има финансиска стабилност.
Во нов извештај на ММФ се наведува дека САД се соочуваат со неодржлива фискална ситуација поради големиот дефицит и фактот што населението кое старее ќе има потреба од повеќе бенефиции за здравствено осигурување обезбедени од владата.
Извештајот вели дека Американците треба да плаќаат повисоки даноци и владата да ги намали трошоците за таканаречените „беби-бумерс“ или лица родени по војната, сега на возраст меѓу 45 и 65 години.
Со такви чекори САД ќе се вратат на патот на финансиска одржливост, сметаат економистите во ММФ.