Линкови за пристапност

За поранешниот гувернер на Илиноис – поротата на потег


Во завршното излагање адвокатот на Род Благојевиќ, Сем Адам, истакна дека неоговиот клиент можно е да не не постапил најостроумно, но дека поранешниот гувернер не е корумпиран.

Расправа на поротата се очекува да почне во среда во рамки на судската постапка за корупција на поранешниот гувернер на сојузната држава Илиноис, Род Благојевиќ. Тој се товари по 24 основи, меѓу кои за проневера, ракетарство и обид за уцена. Благојевиќ се обвинува за обид да го продаде местото во Сенатот, ослободено откако Барак Обама стана претседател на САД.

Во завршното излагање во вторникот, адвокатот на Род Благојевиќ, Сем Адам, истакна дека неоговиот клиент можно е да не не постапил најостроумно, но дека поранешниот гувернер не е корумпиран.

Сепак, американскиот заменик-обвинител Рид Шар пред судиите рече дека она што се случило со Благојевиќ е токму она што изгледа дека е. Тој потоа ја прочита листата обвиненија со кои се соочува поранешниот гувернер.

Благојевиќ беше уапсен во декември 2008-ма. Сенатот на Илиноис подоцна го обвини за злоупотреба на власт и гласаше да биде симнат од функцијата.

XS
SM
MD
LG