Линкови за пристапност

Случајот Илиевски нова тема на престрелки меѓу СДСМ и ВМРО


Случајот Илиевски нова тема на престрелки меѓу СДСМ и ВМРО
Случајот Илиевски нова тема на престрелки меѓу СДСМ и ВМРО

По жалбата на адвокатите на Иливески и реакциите на јавноста дека канабисот расте диво насекаде во битолскиот регион, Кривичниот совет на Основиот суд во Битола сепак одлучи да ја отфрли жалбата и да го продолжи притворот на Илиевски.

По политичките тензии предизвикани од инцидентите во Собранието, сега и онака вжештенета политичка сцена ја разгори случајот на битолскиот земјоделец Душко Илиевски кој минатата недела беше приведен под обвинение дека во неговата нива се порнајдени 200 корени на канабис.

„Станува збор за растение со чија преработка на цветовите и листовите може да се добие наркотична дрога - марихуана и хашиш“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

По жалбата на адвокатите на Иливески и реакциите на јавноста дека канабисот расте диво насекаде во битолскиот регион, Кривичниот совет на Основиот суд во Битола сепак одлучи да ја отфрли жалбата и да го продолжи притворот на Илиевски.

Против апсењето на Илиевски, инаку подржувач на опзициониот СДСМ, остро реагираа социјал-демократите кои го осудија настанот како политички прогон на неистомислениците од страна на власта. Битолските социјал-демократи организираа петиција за подршка на Илиевски на која својот потпис го ставија неколку илјади граѓани од тој регион.

„Се креваме против ваквите неправди, против замолчувањето на сите оние кои како семејството Илиевски ќе се осудат да го кренат гласот. Со оваа петиција ја покажуваме нашата солидарност кон Душко и неговите најблиски“, рече пред битолските новинари Васко Ковачевски, претседател на СДСМ во Битола.

Опозицијата за случајот регираше и од највисокото нејзино ниво.

„Ова е голема неправда, ова е голем срам, ова е голем грев и сакам да им порачам на сите од актуелната власт, почнувајќи од првиот, премиерот, па се` до овие битолски моќници, дека ова вака нема да оди, работите брзо ќе се свртат, многу побрзо отколку што во најлошите свои мисли очекуваат и посакуваат“ изјави Бранко Црвенковски, претедател на СДСМ.

Одговор пристигна од владеачката партија.

„Зошто СДСМ се загрижува и се става во одбрана на човек што можеби дистрибуира опојни дроги“ прашаа од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Не можеме да поверуваме дека СДСМ на незавршена постапка реши да се стави во одбрана на луѓе за кои што постои сомнеж дека на нивното земјоделско земјиште одгледувале опојна дрога. Овој скандал ќе остане запишан со црвени букви, како што беше исчезнувањето на 28 килограми кокаин од депото на МВР и атентатот на Киро Глигоров“, изјави портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките тенизии во врска со овој случај се очекува да растат, а со тоа да се компликува и онака компликуваната атмосфера на политичката сцена во Македонија.

XS
SM
MD
LG