Голем облак од вулканска пепел од Исланд го попречи авио-сообраќајот во Европа втор ден по ред, во време кога патниците се соочуваат со најголеми проблеми да стасаат до своите дестинации по терористичките напади на 11 септември 2001-ва.
Европската агенција за контрола на летањето, Евро-контрол јави дека околу 17.000 летови најверојатно ќе бидат откажани за петок и се најавува дека истиот тренд може да продолжи и утре. Официјални лица велат дека половината од дневните летови меѓу Европа и Северна Америка можеби ќе бидат откажани. Многу летови меѓу Европа и Азија исто така се погодени.
Нејасно е колку вулканската пепел ќе го попречи пристигнувањето на светските лидери на државниот погреб на полскиот претседател Лех Качински во недела. Погребот треба да се одржи во Краков, југоисточна Полска. Полски официјални лаица го затворија воздушниот простор во северниот дел на земјата, а семејството вели дека настанот нема да биде одложен.