Линкови за пристапност

МКГ: слабиот судски систем го попречува развојот на Косово


МКГ: слабиот судски систем го попречува развојот на Косово

Во критиката од Меѓународната кризна група стои дека дека нерамномерното владеење на правото создало систем што, како што се наведува, ги изневерил своите граѓани.

Една од водечките меѓународни истражувачки организации смета дека слабиот судски систем на Косово е причина за ширење на се` поголема мрежа на организиран криминал во земјата, што пак ги одвраќа странските инвестиции.

МКГ: слабиот судски систем го попречува развојот на Косово
МКГ: слабиот судски систем го попречува развојот на Косово

Во критиката од Меѓународната кризна група со седиште во Брисел стои дека дека нерамномерното владеење на правото создало систем што, како што се наведува, ги изневерил своите граѓани.

МКГ смета дека Косово страда од „широкораспространет впечаток дека со него владее беззаконска политичка елита“ која ги контролира „сите аспекти“ од животот во поранешната српска покраина.

Па сепак, во извештајот објавен средата се истакнуваат и ниската стапка на насилен криминал во Косово, како и тоа дека меѓуетничкиот криминал е редок. Меѓутоа, во документот стои дека само мал број на злосторства завршуваат со извршителите во затвор, како и дека постои широкораспространета јавна недоверба во судските процедури и кривичниот прогон.

XS
SM
MD
LG