Линкови за пристапност

Хјуман рајтс воч го осудува ставот на Европа во врска со тортурата


Хјуман рајтс воч го осудува ставот на Европа во врска со тортурата

Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.

Во својот најнов извештај, Хјуман рајтс воч вели дека Франција, Германија и Британија соработуваат со странските разузнавачки служби кои рутински ја користат тортурата, иако според меѓународното право тортурата е незаконска.

Џудит Сандерленд од организацијата со седиште во САД, вели дека европските држави испраќаат погрешна порака.

„Некритичната употреба на разузнавачки информации добиени со тортура од странски земји, и тоа од земји каде тортурата рутински се употребува, создава ризик да се учествува на, така да се каже, пазар на информации добиени со тортура. Берлин, Париз и Лондон треба да работат на искоренување на тортурата, а не да се потпираат на разузнавачки информации добиени со тортура во странски земји“, вели Сандерленд.

Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во трите европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура. Извештајот исто така вели дека Германија и Франција информациите добиени по пат на тортура ги користеле во кривични постапки.

Садерленд вели дека по терористичките напади во САД на 11-ти септември 2001 јавноста станала потолерантна кон тортурта како тактика за спречување на тероризмот. Тоа, вели таа, е однос што може да придонесе повеќе насилство.

Научникот Тим Куки-Хрл од хуманитарна организација со седиште во Британија, вели дека земјите го прекршуваат меѓународното право.

„Не можете едноставно да пренесете вршење тортура во друга земја и потоа да тврдите дека ги почитувате обврските што произлегуваат од меѓународното право“, вели тој.

Куки-Хрл додаде дека упатствата дадени на британските разузнавачки служби кои работат во странство, а кои не се јавно објавени, може да санкционираат соучество во тортурата. Новата британска коалициона влада вели дека ќе изготви нови политички упатства за своите разузнавачки агенти, што ќе бидат јавни.

XS
SM
MD
LG