Една од водечките организации за човекови права ги повика државите на Блискиот Исток да прекинат со визен систем на спонзорство за кој организацијата тврди дека поттикнува принудна работа и трговија со луѓе.
Хјуман рајтс воч вторникот соопшти дека системот на спонзорство, познат како „кафала“, им дава на работодавците значителна контрола над работниците.
Ниша Вариа, виш истражувач од Воч, вели дека постои тренд работниците да запаѓаат во ситуација да „работат без плата, да бидат тепани, или да бидат изложени на други злоупотреби“.
Според извештајот на Воч, милиони работници-мигранти, главно од Азија и Африка, имаат краткорочни договори за вработување на ниско платени работни места во градежништвото, домашната помош и услужната индустрија ширум Блискиот исток.