Линкови за пристапност

Хјуман рајтс воч: Западот премек кон кршењето на човековите права


Хјуман рајтс воч: Западот премек кон кршењето на човековите права
Хјуман рајтс воч: Западот премек кон кршењето на човековите права

Воч ја повикува Унијата да покаже поголема заложба за човековите права и на домашно поле, особено во однос на мигрантите, со цел да ја проследи својата реторика за земјите од странство со сопствени дела

Хјуман рајтс воч смета дека западниот свет, особено Европската унија, не врши доволен притисок врз владите на земји да ги почитуваат човековите права. Меѓународната организација ја издвојува Унијата во овој поглед во 21-от годишен редовен извештај за состојбата со човековите права ширум светот.

Во соопштението по повод објавувањето на извештајот, извршниот директор на Воч Кенет Рот вели дека „ритуалната поддршка на дијалогот и соработката со репресивните влади е честопати изговор да не се стори ништо во однос на човековите права“.

Рот додава дека „констуктивните дијалози на ЕУ“ се меѓу најистакнатите примери на овој глобален тренд. Во извештајот стои дека неуспехот на ЕУ да изврши доволен притисок врз владите во Узбекистан и Туркменистан за промени најдобро го илустрира тоа.

Воч ја повикува Унијата да покаже поголема заложба за човековите права и на домашно поле, особено во однос на мигрантите, со цел да ја проследи својата реторика за земјите од странство со сопствени дела.

Извештајот го обвинува и американскиот претседател Барак Обама дека не презел конкретни чекори за поддршка на човековите права.

XS
SM
MD
LG