Линкови за пристапност

Само во Америка: Треба да се измисли Национален ден на прегрнување


Само во Америка: Треба да се измисли Национален ден на прегрнување
Само во Америка: Треба да се измисли Национален ден на прегрнување

Според сите анализи, каква било прегратка е подобра од никаква.

Колку што е познато, никој досега не ги рангирал земјите во светот по тоа колку нејзините жители се прегрнуваат. Но доколку такво рангирање постои, САД најверојатно нема да бидат меѓу првите 10.

Многубројни студии покажуваат дека Американците воопшто избегнуваат неформален физички контакт, допирање при разминување, а да не зборуваме за прегрнување на оние кои не ги познаваме доволно.

Сигурно многумина во САД се прашуваат дали некој може да ги тужи доколку прегрнат некого – непокането, без претходно да побараат дозвола за тоа.

Сепак, за старата, добра и спонтана прегратка се вели дека има смирувачко дејство, дека го намалува стресот и депресијата и дека е на обострано задовоство на прегрнувачот и прегрнатиот. За неа не треба да се плати данок, не ја загадува животната средина и не се одразува лошо на телесната тежина. Еден експерт тврди дека прегратките му помагаат на имунолошкиот систем. Лице на Интернет нуди виртуални прегратки на секој кој ќе му напише нешто.

Една веб-страница дури сугерира дека ни се потребни четири прегратки дневно за да преживееме, осум да се одржиме, а 12 за да пораснеме.

Некој напишал и книга со наслов „Уметноста на прегрнувањето“ која говори за тоа колку долго треба да се прегрнуваме, колку близу треба да бидеме еден до друг и слично.

Поради фактот дека на Американците очигледно им се потребни вакви инструкции, на пазарот можно е да постојат и книги слични на оваа каде освен вообичаената прегратка се опишува и групна прегратка, прегратка лице-в-лице и онаа со учтиво растојание еден од друг, каде физичкиот контакт е сведен на минимум.

Според сите анализи, каква било прегратка е подобра од никаква.

XS
SM
MD
LG