Линкови за пристапност

Хјуман рајтс воч: ирачките притвореници често мачени во таен затвор во Багдад


Хјуман рајтс воч: ирачките притвореници често мачени во таен затвор во Багдад
Хјуман рајтс воч: ирачките притвореници често мачени во таен затвор во Багдад

Според претставници на Воч, тврдењето се заснова на интрвјуа со 42 од 300 притвореници кои биле префрлени од затворот откако било откриено неговото постоење.

Една од водечките организации за човекови права - Хјуман рајтс воч тврди дека ирачките притвореници во таен затвор во Багдад биле редовно подложувани на периоди на тортура. Воч вторникот објави дека на притворениците им бил ускратуван воздух, добивале електрични шокови, биле тепани и сексуално злоупотребувани.

Според претставници на Воч, тврдењето се заснова на интрвјуа со 42 од 300 притвореници кои биле префрлени од затворот откако било откриено неговото постоење. Овој притворен центар сега е затворен.

Во извештајот се наведува дека притворениците биле обвинети за помагање на терористички дејства.

Организацијата за човекови права со седиште во САД ги повика ирачките власти да ги истражат наводите за тортура и препорача да бидат кривично гонети сите вмешани владини и безбедносни претставници.

XS
SM
MD
LG