Линкови за пристапност

Студија: Сепсата и натаму серизен проблем во болниците


Студијата опфатила преку 300.000 пациенти врз кои бил извршен оперативен зафат.

Студијата на медицинскиот колеџ Веил Корнел во Хјустон, Тексас, се фокусира на сепсата, инфекција најчесто причинета од бактерија што навлегла во крвотокот. Инфекцијата може да предизвика прекин на работата на одреден орган, па дури и смрт.

Д-р Лора Мур од Методистичката болница во Хјустон вели дека инфекцијата во нејзината студија ретко била предизвикана од недостаток на санитетски услови во болницата. Многу почесто се поврзува со видот на повреда и каков третман е добиен потоа.

„Се случува во Одделот за итни случаи да дојдат пациенти со перфорирано дебело црево на пример. Веднаш потоа итно е потребна операција, по што во болницата некои од нив доаѓаат со сепса“, вели Мур.

Студијата опфатила преку 300.000 пациенти врз кои бил извршен оперативен зафат. 2,3 процента од нив добиле сепса, за седум пати повеќе од случаи на запушување на крвни садови во белите дробови и за единаесет пати повеќе од случаите на срцев удар за еден месец по оперативен зафат.

Околу половина од пациентите заразени со сепса добиле и шок од сепса што е опасно снижување на крвниот притисок. Една третина од овие пациенти починале.

Мур вели дека во поголемиот дел од случаите со сепса типично е зафатено дебелото црево и со нив не е поврзан недостаток на санитарни услови во болниците.

„Тоа се инфекции во стомакот што се причината пациентот да дојде во болница, или се работи само за техничка компликација, што немало да се промени доколку на пациентот му биле дадени повеќе антибиотици или ако имало поголема хигиена“, вели д-р Мур.

Таа додава дека е важно однапред да се утврди кои пациенти имаат поголеми шанси да добијат сепса, со цел врз нив да се врши поголем надзор и да им се даде соодветен третман, ако развијат инфекција после операција.

Студијата на Лора Мур е објавена во журналот на Американската медицинска асоцијација, Достигнувања на операцијата.

XS
SM
MD
LG