Линкови за пристапност

Вилијамсбург – музеј во живо


Вилијамсбург – музеј во живо
Вилијамсбург – музеј во живо

Колонијален Вилијамсбург се состои од автентични и реставрирани објекти на 120 хектари. Тие датират од Војната за независност, па дури и од пред тоа, времето на првите британски доселеници кои започнале плантажа и основале колонија.

Улиците личат исто како и летото 1781-ва, кога британските војници го окупирале Вилијамсбург, кон крајот на Војната за независност. Британците тука останале само една недела, а заминале на 4-ти јули, на истиот ден кога пет години порано првичните американски колонии објавија независност.

„Ова е веројатно почетокот на нас, Американците. Започнавме како британска колонија, се оддалечивме од британското потекло и станавме Американци, токму тука, во Вилијамсбург“, размислува Тим Сатпин, директор на програмите по историја во градот.

350 актери го доловуваат британското присуство - прават камп и ги малтретираат колонистите, оживувајќи го времето од пред 200 години. Годишниот настан привлекува бројни туристи и љубители на историјата.

„Одите по стапките на Џорџ Вашингтон, гледате што тие гледале пред 200 години. Прекрасна можност да добиете информации, но и да уживате“ вели Карл Каванан, кој дошол со семејството од Њу Џерси.

Колонијален Вилијамсбург се состои од автентични и реставрирани објекти на 120 хектари. Тие датират од Војната за независност, па дури и од пред тоа, времето на првите британски доселеници кои започнале плантажа и основале колонија. По војната, градот започнал да пропаѓа, но милијардерот Рокефелер го обновил на почетокот на 20-от век, за да ја зачува атмосферата и идеалите на Америка од 18-от век.

„Многумина мислат дека Вилијамсбург е музеј. Тој е, но жив музеј. Одите по улицата и сведочите за револуционерните настани. Одите на пазарот – дознавате за животот во гратче во Америка. Сето тоа ви е на дофат“, коментира градоначалникот на Вилијамсбург Клајд Холман.

Трите милиони посетители кои ги полнат улиците секоја година доаѓаат не само да го почувствуваат животот на Америка во зачетоците, туку и борбата на новата земја да пронајде свој идентитет – местото каде доселениците решиле да изградат ново општество базирано на еднаквост и слобода.

XS
SM
MD
LG