Линкови за пристапност

Адвокатот на притворените американски планинари го потврди датумот кога ќе излезат пред суд


Адвокатот на притворените американски планинари го потврди датумот кога ќе излезат пред суд
Адвокатот на притворените американски планинари го потврди датумот кога ќе излезат пред суд

Иранските власти ги обвинија Бауер и Фатал за илегално преминување на иранската граница преку Ирак за да шпиунираат во полза на САД.

Адвокатот на притворените американски планинари во Иран, обвинети за обид за шпионажа, потврди дека ќе се појават на суд на 6-ти ноември.

Масуд Шафи во средата соопшти дека ги информирал семејствата на двајцата Американци кои се` уште се наоѓаат во притвор.

Иранскиот министер за разузнавање Хеидар Мослехи потврди дека американските планинари ќе бидат изведени пред суд. Тој за иранските медиуми изјави дека на Шејн Бауер и Џош Фатал ќе им биде судено и дека неговиот кабинет до судот ќе ги достави потребните документи.

Иранските власти ги обвинија Бауер и Фатал за илегално преминување на иранската граница преку Ирак за да шпиунираат во полза на САД.

Бауер и Фатал заедно со планинарката Сара Шурд беа уапсени минатата година. Иран ја ослободи Шурд минатиот месец со кауција од 500.000 долари.

Во вторникот американската државна секретарка Хилари Клинтон истакна дека на Вашингтон му било кажано оти Иран планира Бауер и Фатал да ги изведе пред суд на 6-ти ноември.

Таа го повика Иран да ги ослободи планинарите на хуманитарна основа, велејќи дека нема никаква основа да се поведе судска постапка.

Семејствата на обвинетите велат дека доколку тие навистина ја преминале границата со Иран, тоа било случајно. Мајките на Бауер и Фатал во вторникот објавија соопштение во кое повторно апелираат за ослободување на нивните синови.

XS
SM
MD
LG