Линкови за пристапност

Вејн Хендерсон: производител на акустични гитари со светска слава


Вејн Хендерсон: производител на акустични гитари со светска слава
Вејн Хендерсон: производител на акустични гитари со светска слава

Од нарачка, до готова гитара, на Хендерсон обично му требаат 5 до 10 години. 63-годишниот занаетчија почнал да прави гитари уште како млад – бидејќи морал.

Со изострен слух за вибрација на секое парче дрво што го користи за изработка на гитарите, Вејн Хендерсон е познат меѓу музичарите по префинетите инструменти.

„Ме прашуваат како ги правам. Едноставно, земам добар остар нож за делкање и го отстранувам сето она што не личи на гитара“, вели Хендерсон.

Звучи просто, но за тоа е потребно долго време. Од нарачка, до готова гитара, на Хендерсон обично му требаат 5 до 10 години. 63-годишниот занаетчија почнал да прави гитари уште како млад – бидејќи морал.

„Моето семејство свиреше фолк, но јас немав пари за гитара. Отсекогаш самиот сум создавал нешто, па дојдов на идеја да направам гитара за себе. Така се` започна“, раскажува Хендерсон.

Вака го објаснува процесот на изработка: „Освен одличен материјал, мора се` да биде солидно искомпонирано. Од квалитетот на дрвото, до звукот што се добива, за се` е потребен добар слух. Можете да чуете како дрвото да ви говори додека работите на него“.

Досега Хендерсон има произведено околу 500 гитари. Тој е и спонзор на годишен музички фестивал за собирање средства за помош на млади музичари. Но, најважно, од се`, освен неприкосновениот талент за правење на гитари, Хендерсон е познат како добар пријател, кој ужива да посвири.

XS
SM
MD
LG