Линкови за пристапност

Дебата за вакцината против рак на грлото на матката


Дебата за вакцината против рак на грлото на матката
Дебата за вакцината против рак на грлото на матката

Вакцината на пазарот е кратко време и многумина чекаат да видат колку е успешна, кои се главните контраиндикации или пак, едноставно, да се намали цената.

Светската здравствена организација вели дека ракот на грлото на матката е најчеста форма на рак кај жените. Од ова умираат преку четвртина милион жени годишно, а 85 проценти од нив во земјите во развој. Научниците открија дека овој вид рак е причинет од бактерија позната под името „вирус на човечка папилома“, што се пренесува по сексуален пат.

Кетлин Трејси од Универзитетот Мериленд вели дека причинителот е всушност група вируси од кои произлегуваат обични брадавици, генитални брадавици, но и одредени видови што може да резултираат со рак на грлото на матката.

До пред неколку години, најдобар начин да се откријат и третираат преканцерогените клетки беше преку тестот „Папаниколау“ што вообичаено се прави еднаш годишно. Но до тестот имаат мал пристап жените во посиромашните региони.

Затоа, кога пред една година беше претставена вакцина против болеста, изгледаше како идално решение. Но тоа пред се` значи – дека жените треба да се вакцинираат.

Трејси и нејзините колеги на Медицинскиот центар при Универзитетот Мериленд во Балтимор направиле истражување во кое следеле околу 10.000 жени на возраст меѓу 9 и 26 години кои се квалификувале за вакцината. Откриле дека само околу 27 проценти од жените се вакцинирале. Причината, според Трејси е што вакцината е на пазарот кратко време и многумина чекаат да видат колку е успешна, кои се главните контраиндикации или пак, едноставно, чекаат да се намали нејзината цена.

XS
SM
MD
LG