Според медиумските извештаи, американскиот претседател Барак Обама наредната недела ќе потпише пакет-дополнувања на неговата историска легислатива за реформа на здравствената заштита, откако Конгресот го одобри истиот четвртокот доцна вечерта. Со дополнувањата се заокружува правниот процес за реформата, што е приоритет во домашната политика на Обама.
Дополнувањата беа усвоени два дена откако Обама со потпис ја одобри коренитата промена во здравствената заштита, со што и формално таа стана закон. Дел од демократите во Претставничкиот дом ги побараа дополнувањата во замена за поддршка на мерката. Малцинските републиканци се обидоа да го блокираат усвојувањето со серија амандмани, но сите беа отфрлени.
Републиканците се цврсто против мерката. Истражување на Универзитетот Квинипек покажува дека Американците во основа се поделени по прашањето, со речиси половина од испитаниците кои велат дека не го одобруваат новиот закон, додека 40 проценти го велат спротивното.