Линкови за пристапност

Усвоена историската легислатива за реформа на здравството


Претставничкиот дом каде контролата ја имаат демократите, со 219 „за“ и 212 „против“, ја одобри мерката за реформи на здравствениот систем која веќе беше усвоена од американскиот Сенат.

Американскиот Претставнички дом со тесно мнозинство гласови ја усвои легислативата за реформа на здравството, со што претседателот Обама извојува победа за неговиот главен приоритет на домашен план.

Претставничкиот дом каде контролата ја имаат демократите, со 219 „за“ и 212 „против“, ја одобри мерката за реформи на здравствениот систем која веќе беше усвоена од американскиот Сенат. Малцинството републиканци беа едногласни во спротивставување на одлуката, а 34-ца демократи им се приклучија во гласањето „против“. За усвојување на мерката беа потребни 216 гласови.

Претседателот Обама го пофали гласањето што уследи по едногодишна политичка борба со републиканците. Мерката е најголема реформа во американскиот систем за здравство во период од четири децении.

Таа има за цел да обезбеди здравствено осигурување за 32-та милиона Американци кои немаат здравствено покритие, а САД ќе бидат поблиски до обезбедување на универзално здравствено осигурување. Оваа цел беше предизвик за различни американски претседатели еден век наназад.

Во говорот во Белата куќа, Обама истакна дека мерката ќе им користи и на Американците кои веќе имаат здравствено осигурување, преку контрола на, како што го нарече, најлошиот пристап и злоупотреба на осигурителната индустрија.

XS
SM
MD
LG