Линкови за пристапност

Обама придобива гласови за реформата на здравствената заштитата


Зад затворени врати, пак, Обама лобира кај се` уште неопределни членови на Претставничкиот дом да гласаат за коренитата законска промена. Белата куќа и демократите веруваат дека ќе ги имаат потребните 216 гласови за нејзино усвојување.

Американскиот претседател Барак Обама се обидува да добие што е можно повеќе гласови пред гласањето во Конгресот за реформата на здравствената заштита во недела.

Говорот на Обама собирот на Универзитетот во Џорџ Мејсон близу Вашингтон беше најнов во серијата јавни обиди на владата да издејствува изгласување на легислативата.

Зад затворени врати, пак, Обама лобира кај се` уште неопределни членови на Претставничкиот дом да гласаат за коренитата законска промена. Белата куќа и демократите веруваат дека ќе ги имаат потребните 216 гласови за нејзино усвојување.

Претставничкиот дом в недела ќе се изјасни за нацрт-верзијата што Сенатот веќе ја усвои минатата година. И Претставничкиот дом, и Сенатот ќе гласаат и за пакетот промени на легислативата што дополнително беше додаден.

Републиканците се против мерката уште од самиот почеток, наведувајќи дека е прескапа и се едначи со владино преземање на здравствената заштита.

Обама ја одложи турнејата по Индонезија и Австралија за да може да биде во Вашингтон за гласањето.

Независната Конгресна канцеларија за буџет четвртокот соопшти дека планот за здравствена заштита би чинел 940 милијарди долари во првите 10 години, дека тоа ќе го намали федералниот дефицит за 130 милијарди долари во првата деценија и дополнителени еден трилион во наредната.

Предложената реформа би овозможила здравствено осигурување на 30 милиони Американци кои во моментот не се осигурани и би забранила одредени постапки на осигурителните компании, како правото да одбијат бенефиции на лица кои во минатото имале здравствени проблеми. Мерката исто налага повеќето Американци да земат осигурување, или во спротивно, да платат казна.

XS
SM
MD
LG