Линкови за пристапност

Најново истражување: ракот главна причина за смрт во земјите во развој


Најново истражување: ракот главна причина за смрт во земјите во развој
Најново истражување: ракот главна причина за смрт во земјите во развој

Ракот ги чини националните економии во загуба на продуктивноста повеќе отколку инфективните болести, како СИДА-та, на пример.

Ракот убива повеќе луѓе во држави со низок или среден стандард отколку СИДА-та, туберкулозата и маларијата заедно. Истражување на Катедрата за јавно здравје на Харвард, објавена во списанието Лансет, наведува дека 80% од сите смртни случаи поврзани со ракот се случуваат во сиромашните држави, но во нив се трошат само 5% од глобалните средства за борба против болеста. Фелисиа Кнаул е една од авторите на истражувањето:

„Се` повеќе млади жени добиваат рак на дојка. Тоа е причина за смртност број 2 кај жените на возраст меѓу 30 и 45 години во Мексико, а севкупно, во земјите во развој - број еден“, вели Кнаул.

Третманот на рак може да биде ефтин, ако се користат лекови што не се патентирани. Во рамки на Харвард, Глобална работна група за контрола и третман на ракот развива ефтин пакет на основни лекови и терапии против ракот. Кнаул тврди дека потенцијалното влијание врз земјите во развој би било огромно. Но, првиот чекор е пациентите да знаат дека ракот се лекува:

„Пациент со рак треба да се лекува исто како оној кој има СИДА – да му се помогне да живее долг живот“, истакнува Кнаул.

Трошоците за лекување на ракот во 2008-ма стасаа до речиси 900 милијарди долари, што е околу еден и пол процент од светскиот бруто домашен производ, според извештајот на Американското здружение против ракот. Во него се вели дека ракот ги чини националните економии во загуба на продуктивноста повеќе отколку инфективните болести, како СИДА-та, на пример.

XS
SM
MD
LG