Линкови за пристапност

Глобалното затоплување – причина за пролетните алергии?


Глобалното затоплување – причина за пролетните алергии?
Глобалното затоплување – причина за пролетните алергии?

САД имаат загуба од речиси 700 милиони долари годишно поради намалената продуктивност, а Американците трошат милијарди долари за лекови против алергии и разни третмани.

Додека Американците уживаат во пријатното време и расцветаните дрвја, еден на секои четворица страда од сезонски алергии.

Тоа се одразува и врз економијата.

САД имаат загуба од речиси 700 милиони долари годишно поради намалената продуктивност, а Американците трошат милијарди долари за лекови против алергии и разни третмани.

Тешко е да се води битка со алергиите на расцветаниот американски југ. Можеби најдобро знаат граѓаните на Мурфрисборо, во близина на Нешвил, сојузната држава Тенеси. Речиси секое дрво е расцветано, но таа убивина доаѓа со цена. Поради климата и вегетацијата ова место котира високо на листата на оние каде не се препорачува да живеете доколку страдате од сезонски алергии.

Тренерот Брус Лајон е во одлична физичка форма. Но, штом ќе настапи пролет, тој чувствува како неговата сила и енергија да се топат:

„Тешко е. Во најубавите денови, особено на почетокот на пролетта, сакате да појдете во природа и да се забавувате. Но, јас се чувствувам заморен и немам желба за ништо. Се чувствувам во стилот – ќе одам дома и ќе си легнам“, се жали Лајон.

Тешко е да се поверува дека нешто толку ситно како зрно полен може да предизвика да се чувствувате – мизерно. Но, во повеќето случаи, ефектот е многу посилен. Алергологот Бурт Волф вели дека годинава е полошо од вообичаено.

„Годинава, многу од нашите пациенти се јавија со проблеми две –три недели порано“, вели Волф.

Тој верува дека глобалното затоплување е виновник за новонастанатата состојба:

„Зголемувањето на температурата на одреден степен исто го зголемува и јаглеродниот диоксид или таканаречениот ефект на стаклена градина. Тоа, според некои истражувања, влијае на зголемување на поленот во изминатата деценија од 60 до 90 проценти“.

Стив Мелтон има проблеми со алергии. Уште пред да стане од кревет, знае каков ден го очекува:

„Ми тече носот, имам водени очи и кивам...Тоа се два-три симптоми што знам дека ќе ми донесат тежок ден кога ќе излезам од дома“.

Алергиите не може да се излекуваат, но симптомите може да се неутрализираат. Доктор Волф наведува дека неколку нови лекови кои се појавиле на пазарот изминатите години, како и инјекции против алергии, честопати даваат резултати во повеќето случаи.

„Лековите се мошне добри и безбедни по здравјето и мошне мал број луѓе секојдневно ќе страдаат од алергии. Луѓето треба да побараат помош затоа што е достапна и затоа што не треба да живеат со кивања, шмркања и други проблеми од пролетните алергии“, вели Волф.

XS
SM
MD
LG