Линкови за пристапност

Рекорден број на бебиња во САД родени со Царски рез


Рекорден број на бебиња во САД родени со Царски рез
Рекорден број на бебиња во САД родени со Царски рез

Во извештај објавен во вторникот Американскиот центар за контрола и превенција на болести, вели дека речиси 1,4 милиони постапки на Царски рез биле изведени во 2007-та.

Една третина од бебињата во САД родени во 2007-та година, дошле на свет преку Царски рез, рекорд за оваа земја и повеќе од другите индустријализирани земји.

Светската здравствена организација вели дека оптималното ниво на ваквиот вид на породување е 15 проценти.

Во извештај објавен во вторникот Американскиот центар за контрола и превенција на болести, вели дека речиси 1,4 милиони постапки на Царски рез биле изведени во 2007-та, со што станал најчестиот оперативен зафат во американските болници.

Центарот за контрола и превенција на болести додава дека се` на се`, бројот на бебиња кои на свет дошле со помош на Царски рез пораснал на преку 70 проценти од 1996 до 2007 година.

Поодмината возраст на жената, неколку претходни породувања и избор на мајката или нејзиниот лекар, се меѓу факторите за рекордниот број на ваквиот вид оперативен зафат.

Здравствените лица предупредуваат дека пораѓањето преку Царски рез резултираат со поголем ризик за мајките и за бебињата.

XS
SM
MD
LG