Линкови за пристапност

Холограмот – реалност?


Холограмот – реалност?
Холограмот – реалност?

Во Универзитетот на Аризона предвидуваат технологијата да се користи во телемедицината, за обновување на 3-Д картите како и за нова ера на 3-Д филмовите – без 3-Д очила.

Замислете да гледате во 3-Д без 3-Д очила, или пак да ве гледаат тридимензионално во просторија, без да бидете таму. Системот што тоа го прави можно е чедо на оптички нуачници од Универзитетот Аризона во Тускон.

Главниот истражувач Насер Пејгамбариан вели дека машината потенцијално ќе може да ја испраќа претставата на лицето на големи далечини. Технологијата се заснова на холографско прикажување, 3-Д слики што наликуваат на реални, транспортирани на друго место.

„Во тој случај, не ни мора да патувате. Луѓето ќе ве видат, исто како да сте биле таму“, коментира Пејгамбариан.

Во експериментите со системот, истражувачите користеле 16 камери наредени во полукруг, што го снимале лицето од различни перспективи.

Податоците потоа преку Интернет се емитуваат до друга локација. Пејгамбариан вели дека ласерски систем на таа локација ја кодира информацијата и создава холограм врз површина од нов вид на пластичен материјал. Научникот додава и дека колку повеќе камери се додаваат, толку сликата е пореална.

Во Универзитетот на Аризона предвидуваат технологијата да се користи во телемедицината, за обновување на 3-Д картите како и за нова ера на 3-Д филмовите – без 3-Д очила. Пејгамбариан и колегите предвидуваат дека ако работата оди според планот, технологијата ќе стане достапна за 3 до 5 години.

Написот на ова тема е објавен во спианието „Нејчр“.

XS
SM
MD
LG