Понеделникот се навршија шест месеци од катастрофалниот земјотрес на Хаити.
Приближно 230.000 лица загинаа а 1,5 милион останаа без покрив над главата во потресот од 7 степени што срамни поголем дел од главниот град Порт-о-Пренс и околните области.
Хуманитарните организации наведуваат дека милиони Хаиќани до ден-денес немаат засолниште, санитарни услови и здравствена заштита.
Извештај во Њујорк тајмс подвлекува дека Хаити „останува слика и прилика на живот во урнатини“.
Поранешниот претседател Бил Клинтон, кој копретседава со Времената комисија за обнова на Хаити и премиерот на земјата, Жан-Макс Белерив, во Тајмс пишуваат дека до владата на Хаити биле доставени само 10 проценти од ветените 5,3-те милијарди долари од владите на странски земји. Тие ја повикаа Светската банка, главната институција задолжена за фондот за меѓународна помош на Хаити, да обезбеди земјите да ги достават средствата.