Линкови за пристапност

Меѓународната заедница вети милијарди долари помош за Хаити


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ова го соопшти средата на крајот на еднодневната донаторска конференција на која учествуваа претставници од преку 100 земји.

Меѓународните донатори на средба во седиштето на ОН во Њујорк ветија помош за Хаити во висина од 5,3 милијарди долари во наредните две години, за отстранување на последиците од катастрофалниот земјотрес од јануари.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ова го соопшти средата на крајот на еднодневната донаторска конференција на која учествуваа претставници од преку 100 земји. Ветените средства се дел од севкупната помош на долгорочен период од околу 9,9 милијарди долари за најсиромашната земја во Западната хемисфера.

Ки-мун кажа дека меѓународната заедница се обединила во солидарност за да му помогне на народот на Хаити да се опорави од земјотресот на 12-ти јануари.

Во име на САД, државната секретарка Хилари Клинтон вети 1,15 милијарди за долгорочен опоравок и обнова на Хаити. ЕУ вети грант во висина од 1,6 милијарди, а помош треба да пристигне и од други земји ширум светот.

Клинтон подвлече дека со напорите за обнова ќе раководи раководството на Хаити, дека ќе бидат транспарентни и насочени кон исполнување на конкретни резултати.

XS
SM
MD
LG