Линкови за пристапност

САД ветија 1,15 милијарди долари на донаторската конференција за Хаити


САД ветија 1,15 милијарди долари на донаторската конференција за Хаити
САД ветија 1,15 милијарди долари на донаторската конференција за Хаити

3,8-те милијарди долари што Хаити се надева дека ќе ги добие на конференцијата се само прв дел од 10-годишниот план за обнова, вреден 11,5 милијарди долари.

Во седиштето на ОН во Њујорк средата започна донаторска конференција за обнова на Хаити, на која земјата се надева дека ќе добие 3,8 милијарди долари за отстранување на последиците од катастрофалниот земјотрес во јануари.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја започна конференцијата со најавата дека САД ќе дадат преку 1 милијарда долари за обнова на Хаити.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изложи визија за „целосна национална обнова“ на земјата и рече дека обновата ќе биде еден вид на вежба за изградба на нација, каква што не е видена по обем и ниво со генерации. Тој е домаќин на конференцијата, заедно со претседателот на Хаити Рене Превал и Клинтон.

3,8-те милијарди долари што Хаити се надева дека ќе ги добие на конференцијата се само прв дел од 10-годишниот план за обнова, вреден 11,5 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG