Линкови за пристапност

Продолжува дебатата во САД - за или против огненото оружје

Продолжува дебатата во САД - за или против огненото оружје
Продолжува дебатата во САД - за или против огненото оружје

Поборниците за контрола врз огненото оружје се свесни дека групите што се залагаат за правото на негово поседување ќе вложат жалби на законите што ја ограничуваат неговата употреба, но сепак се надеваат дека најголем дел од законите ќе останат.

Една недела откако Врховниот суд пресуди дека Американците, каде и да живеат, имаат право да поседуваат оружје за самоодбрана, продолжува дебатата и правниот процес по ова прашање. Судот во одлуката се повика на уставното право за поседување на оружје, а таа се однесува на забраната што градските власти во Чикаго, сојузната држава Илиноис, ја воведа поради порастот на насилството со огнено оружје.

Но, тоа не беше крај на битката за градските власти, кои веднаш по одлуката на Судот, поттикнати од интензивното насилство на улиците, усвоија серија нови закони за контрола на употребата, продажбата и транспортирањето на огнено оружје.

Синот на Анет Холт бил убиен во градски автобус. Таа стравува дека судската одука ќе донесе повеќе оружје на улиците.

„Ова е шлаканица во лице за сите нас кои имаме загубено деца во насилство со оружје“, вели Холт.

Според Врховниот суд, правото на поседување на оружје за самоодбрана е фундаментално право, согласно Вториот амандман на американскиот Устав и се однесува на сојузните и локални јурисдикции.

Одлуката на Врховниот суд ја поздрави група сопственици на оружје во Вирџинија. Тие во моментов слават уште една победа – укинување на 15-годишна забрана во нивната созјуна држава со што ќе смеат да внесат оружје во ресторани каде се служи алкохол, но само доколку не конзумираат алкохолни пијалоци.

„Ако градовите и сојузните држави одлучат да го регулираат правото за поседување на оружје, тоа значи дека истовремено се должни да имаат праведен систем во кој секој државјанин кој го почитува законот и кој не е криминалец може лесно да добие дозвола за поседување на огнено оружје“, вели Филип ван Клив, претседател на групата.

XS
SM
MD
LG